Почина сестра Андре, најстарата жена на светот
Во францускиот град Тулон, во дом за пензионери, во сон почина 118-годишната чесна сестра Андре, најстариот човек на светот, потврдено е за Ројтерс.
Од април 2022 година, Лусил Рандон или позната како сестра Андре, беше призната за најстара личност на светот и тоа по смртта на Јапонката Кана Танаке.
Сестра Андре е родена на 11 февруари 1904 година, а во текот на 2022 година беше позитивна, но го прележа корона вирсуот.
„Велат дека работата убива, а мене работата цело време ми помагаше да живеам. Работев до својата 108 година“, изјави сестра Андре минатата година, кога официјално беше прогласена за најстара личност на светот.