Почина познатиот пулмолог, професорот Анѓелко Ѓорчев, татко на експратеникот Влатко Ѓорчев
На Клиниката во Ниш денеска почина познатиот специјалист по пулмологија и алергологија, професорот Анѓелко Ѓорчев (72) јавија вечерва повеќе медиуми. Д-р Ѓорчев е татко на поранешниот пратеник Влатко Ѓорчев.
Д-р Ѓорчев беше згрижен во клиниката во Ниш откако на 28 март падна во кома набргу по примањето на вакцината против корона вирус. Оттогаш не се разбудил и цело време, според кажувањето на лекарите, неговата состојба беше критична. Здравствената состојба на д-р Ѓорчев лекарите во Ниш не ја доведоа во врска со примената вакцина или со кардиоваскуларни проблеми кои ги имаше, со оглед на претходно направените три бајпаса и вградените три стента.
Неговиот син, експратеникот Влатко Ѓорчев на 29 март на фејсбук потврди дека состојбата на д-р Ѓорчев е исклучително тешка, дека е „во длабока кома и се бори за животот на респиратор“.

Професор д-р Ѓорчев има обемна биографија. Медицински факултет завршил во Скопје, каде специјализирал, а потоа станал асистент по Интерна медицина. Докторирал на тема бронхијална астма, за што беше врвен специјалист, а како доцент и професор работи на полето на неговиот специјален интерес-пулмологија и алергологија, астма, ендокринологија на респираторниот систем.
Бог да го прости мојот татко Анѓелко Ѓорчев (72). Почина денес, после 11 дена во кома. Замина тивко и ненадејно. Ќе…
Posted by Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев) on Wednesday, April 7, 2021