Почина најтешкиот Британец – дневно внесувал и по 29.000 калории


 

Бери Остин, кого го нарекоа најтешкиот Британец, почина на возраст од 53 години.

Социјалните мрежи се полни со пораки од луѓето кои се простуваат со Остин, за кого многумина пишуваат дека бил „човек со златно срце“. Живеел во Бирмингам и работел како таксист, пишува „Сан“.

Инаку, своевремено се појави во документарниот филм на каналот „Скај 1“, а се појави и во неколку дроги документарци.

Како што сам изјави, во еден моемнт конзумирал 29.000 калорија и пиел 12 литри газиран пијалок дневно. Верувале или не, тежел 412 килограми, а затоа пак имал здравствени проблеми. МОрал да го намали внесот на калории на 1.500 дневно и ослабел 130 кг.

Во последните неколку години имал доста проблеми со дишењето и со разни инфекции. Од Бери Остин се прости и фудбалскиот клуб Бирмингем, чиј страствен навивач бил.