Почина легендарниот пејач Тото Кутуњо, кој ги отпеа незаборавните „Insieme“ и „L’italiano“


Милано – Тото Кутуњо почина на осумдесет и една година, јавуваат италијанските медиуми.

Италијанскиот пејач, музичар и текстописец Тото Кутуњо не напушти на 81-годишна возраст и почина во болницата во Милано каде што беше хоспитализиран.

Веста на италијанската агенција Анса ја потврди неговиот менаџер Данило Манкузо, кој објасни дека „по долго боледување, состојбата на пејачот се влошила последните месеци“.

Тото Кутуњо победи на бројни фестивали низ Италија, а победи и на Евровизија во 1990 година во Загреб со песната „Insieme“.

На познатиот фестивал во „Санремо“ учествувал 13 пати, првиот пат во 1976 година, со бендот Албатрос, кога го освоил третото место. Независната кариера ја започна во 1978 година. Го освои „Санремо“ во 1980 година со песната „Соло нои“, а шест пати го зазема второто место. Неговата најпозната песна беше „L’italiano“

Тото ги остави зад себе сопругата Карла, со која беше во брак од 1970 година, и синот Николо.