Почина легендарниот пејач Предраг Живковиќ Тозовац


Србија– Легендата на народната музика во поранешна  Југославија, Предраг Живковиќ Тозовац ја загуби битката со корона вирусот.

Тозовац, од последици предизвикани од корона вирусот починал утрово во 86 година од животот.

Тозовац од 5 март се лекувал од корона вирусот во болницата Драгиша Мишковиќ во Белград. Минатата недела неговата здравствена состојба се подобрила.

Предраг Живковиќ Тозовац според многумина беше најголемиот господин на југословенската народна музика, со бројни безвременски хитови како „Очи једне жене“, „Јесен у мом сокаку“,„Лено , Лено Магдалено“….

Славниот пејач на почетокот на 2021 година по 40 години врска и љубов се венчал со својата животна сопатничка Емилија.