Почина легендарната актерка и икона Џејн Биркин, беше една од најголемите сензации


На 77-годишна возраст почина познатата британско-француска актерка и пејачка Џејн Биркин, а тажната вест ја пренесоа локалните медиуми. Џејн Биркин почина во својот дом во Франција.

Според Ла Паризиен (La Parisien), нејзиниот старател ја нашол мртва во куќата во која живеела, а причината за смртта засега останува непозната.

Во 2002 година ѝ била дијагностицирана леукемија, а по турбулентниот живот и борбата со алкохолизмот ѝ бил дијагностициран рак. Во 2021 година, таа доживеа и мозочен удар кога беше принудена да откаже неколку концерти, исто како што направи откако ја скрши лопатката минатиот март.

Едно од најголемите наследства на Џејн е дефинитивно името Биркин, името зад иконската чанта „Биркин“ на „Хермес“, која е дизајнирана во 1983 година.

Џејн беше една од најпознатите актерски сензации во шеесетите, која дополнителна слава стекна со своите романтични афери, впечатливиот изглед и чувството за мода. Таа е позната и по иконскиот дует „Je T’aime… Moi Non Plus“, кој го отпеа со нејзиниот поранешен Серж Гинсбург во 1968 година.

Џејн зад себе ги остави ќерките Шарлот Луси Генсбург, Кејт Бери и Лу Дојон.