Почина Денис „Ди Ти“ Томас, еден од основачите на легендарните „ Kool & the Gang“


САД– Денис „Ди Ти“ Томас, основачки член на легендарниот соул-фанк бенд Kool & the Gang познат по хитовите како „Celebration“ и „Get Down On It“, почина. Имаше 70 години. Тој почина мирно во сон во саботата во Њу Џерси каде што беше жител на Монтлер, се вели во соопштението од неговиот претставник.

Томас беше алт -сакс, флејтист и перкусионист. Неговиот последен настап со групата беше четврти јули на Холивуд Боул во Лос Анџелес.

Во 1964 година, седум пријатели тинејџери ја создадоа уникатната група на џез, соул и фанк, која имаше разни имиња пред да се решат за Kool & the Gang во 1969 година. Други основачи на групата се браќата Роналд и Роберт Бел, Спајк Микенс, Рики Вестфилд, Џорџ Браун и Чарлс Смит.

Роналд Бел почина на 9 септември 2020 година, дома на американските Девствени Острови на 68 -годишна возраст.

Бендот освои две Греми награди и седум американски музички награди. Тие беа почестени во 2014 година со Soul Train Lifetime Achievement Award . Нивната музика беше вртена во многу познати филмови, вклучувајќи ги и оние за “Rocky,” “Saturday Night Fever” и “Pulp Fiction.”

Томас остави зад себе сопруга и три деца. (АП)