Почина човекот кој го створи хибридниот ориз и помогна да се нахрани Кина
Угледниот кинески научник Јуан Лонгпинг, познат по развојот на првите сорти хибриден ориз, почина во саботата на возраст од 90 години, јавија кинеските медиуми.
Кинескиот „татко на хибридниот ориз“ почина во болница во Чангши, во провинцијата Хунан.
Агрономот, роден во Пекинг во септември 1930 година, се смета за кинески јунак.
Неговите први хибридни посеви ориз, развиени кон почетокот на 70-тите години на минатиот век, беа потребни да се нахрани петтина од населението на само девет отсто кинеска обработлива површина.
Добитник на најпрестижното кинеско одличје
Подоцна разви уште попродуктивни сорти, кои повеќепати рушеа рекорди – од 10 тони принос по хектар во 2000 година до повеќе од 15 тони во 2014 година.
Хибридниот ориз оттогаш се одгледува низ целиот свет о пружа прехранбена сигурност во бројни земји.
Јуан се посвети на развој на хибриден ориз по големата глад во 60-тите години, а изјавата „претседателот Мао баш и не ја проучуваше агрикултурата“ го доведе до проблеми со партијата кои успешно ги преброди.
Добитник е на најпрестижното кинеско одличје, за придонес на прехранбената сигурност на земјата, научен развој на земјоделстовото и зголемено глобално производство на храна.
Беше избран и за прв носач на факелот на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година.