Почина ботаничарот Дејвид Белами, авторот на најпопуларните документарци
12/12/2019 16:18
Англија– Легендарниот британски природонаучник и автор на популарни документарни серии Дејвид Белами почина на 86 години во Лондон.
Како автор и водител, тој се појави во голем број документарни серии и емисии од областа на ботаника, екологија и животна средина, станувајќи едно од омилените ТВ-лица. Беше иницијатор и за најпопуларниот документарен серијал „Опстанок“, но не сакаше на почетокот да се појавува во улогата на наратор, туку тоа го препушти на славните актери од шеесетите години, а за наратор го предложи актерот Џон Форсајт, кој многу години подоцна стана познат по улогата на Блејк Карингтон во „Династија“. Улогата на наратор ја презеде во осумдесетите години. „Опстанок“ беше првата британска серија која се емитуваше во Кина и тогашниот Советски сојуз , а се емитуваше и во поранешна Југославија и беше омилена серија меѓу децата.
Неговата европска серија „Ботаничар“ е прогласена за најдобра образовна британска серија.
Тој студираше и подоцна предаваше ботаника, пред да се прослави со известувањето за инцидент со излевање нафта во 1967 година, што беше вовед во неговата богата телевизиска кариера. Во последните години тој беше критикуван за неговите ставови за глобалното загревање, за кое кажа дека не верува во сегашните теории.