Почина актерката Дара Чалениќ – најпозната од „Жикина династија“


 

Српската актерка Дара Чалениќ почина синоќа на возраст од 87 години, по долга и тешка болест, соопшти „Кино-театар“.

Погребот ќе се изврши во кругот на семејството во Нови Сад.

На поранешните југословенски простори најпозната е по улогата на Дара од „Жикина династија“.

Дара Чалениќ е родена на 18 јули 1934 година во Нови Сад, каде завршила основно училипте, гимназија и Средно актерско шлоло при Српскиот народен театар.

Првиот ангажман го имала во Краљево, потоа во Ужице и Сомбор, а во 1954 станува членка на народниот театар во Нови Сад.

Во Современиот театар во Белград преминува во 1960 година, а во 1964 госина во Југословенскиот драмски театар. Од 1974 година е слободен уметник, а се пензионира во 1988 година.

Има одиграно повеќе од 40 улоги на сцена, а учествувала и на многу драмски емисии, разни серии, забавна и детска програма.

Чалениќ играла во многу филмови, меѓу кои и во „Госпоѓа министерка“. Добитничка е на мнго театарски и филмски награди.


Од 1970 година живеела во Њујорк и Бостон, каде игра во драмата на Ингмар Бергман „Персона“, во режија на нејзиниот сопруга Влада Петриќ, угледен професор по филм на Харвард. Во 2014 година се враќа во Белград.