По теди капути, новитет се теди штикли
Teddy материјал не ја напушти листата на најомилени, но и најтопли решенија за студените зимски денови во последните неколку години, па капутите како плишани мечиња најдоа свое место во гардеробите на многу трендсетерки. Модните куќи го вклучија во својата понуда, па италијанската модна куќа Макс Мара ја претстави својата празнична колекција полна со кадифени парчиња.
Посебно место заземаат плишаните потпетици – моден додаток кој сигурно никого нема да остави рамнодушен, на прв поглед малку необични, тие се вистинскиот избор за оние кои сакаат да се издвојат од толпата и да ја изразат својата индивидуалност.
„Спојување на елеганцијата и удобноста. Зачекорете во иконскиот стил со овие MaxMara FW24 Теди чевли во камила нијанса со елегантна потпетица од 6,5 сантиметри и сатенска постава“, стои во објавата на Инстаграм профилот на брендот, по што многумина ги посакуваа како подарок под елките.
Горниот дел е изработен од волна и свила од камила, поставата е од вискоза и свила, додека ѓонот е од кожа. Ги има во бројки од 35 до 42, а нивната цена е 475 евра.