По пошта им го враќаат ѓубрето на туристите
Посетителите на националните паркови во Тајланд наскоро може, откако ќе се вратат дома, да примат пратка со ѓубрето кое го оставиле зад себе.
Откако бројни посетители зад себе оставиле купишта ѓубре минатиот викенд во Националниот парк Као Јауи во близина на Банкок, министерот за животна средина Варавут Силпа-арча дојде на идеја отпадот да им го пакува во картонски кутии и да им го врати по пошта, пренесува Јутарњи.
„Го собравме вашето ѓубре и го спакувавме во картонска кутија, па ви го враќаме назад. Ова треба да ве научи никогаш повеќе никаде да не го фрлате вашето ѓубре“, стои вопораката приложена во пакетот.
Камперите по доаѓањето во националниот парк во Управата се пријавуваат, па лесно е да се најде кој фрлал на одредена локација во паркот каде поставил шатор и која е неговата адреса.
Со кутијата ѓубре несовесните кампери ќе добијат и пријава до локалната полиција за кршење на прописите за национални паркови, пишува порталот Тајгер.
„Ѓубрето може да биде опасно за животните како срните кои ако го изедат може да се загушат со пластичниот оптад кои луѓето го оставаат зад себе“, вели Нарин Пинсакул од НП Као Јаи.
Министерот Варавут на војот Фејсбук профил објави фотографии од празни шишиња и вреќички од грички подготвени за праќање по пошта.
Загадувањето на животната средина е казниво со затвор до пет години или глоба до 500.000 бахти (16.000 долари) според тајландскиот закон за зачувување на животната средина.
Националниот парк Као Јаи е отворен во 1962 година и е најстар национален парк на Тајланд.
Со своите водопади, како и со импресвниот растителен и животински свет на повеќе од 2.000 километри квадратни, се смета за еден од најубавите паркови во таа земја во југоисточна Азија.