По магистратурата Тошковски запиша и докторат на тема од ресорот
Тошковски ќе му биде и колега од факултет на Бојан Христовски, директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кој пред него запиша докторски студии.И двајцата ќе слушаат предавања во шест семестри и ќе треба објават научни трудови со импакт фактор и на крај докторски труд во областа на безбедноста. Според документ обајвен од Факултетот, и Христовски го фатил третиот уписен рок на објавениот конкурс на студенти на третиот циклус студии на Факултетот за безбедност 2025/2026 година.
Пред нив, со титула магистер од областа на правосудството се „закити“ и министерот кој раководи со ресорот правда, Игор Филков. Неговата теза „Креирање стратегии во сферата на правосудството како надлежност на Министерството за правда“ ја одбрани на 12 септември, стои на официјалниот сајт на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
И Филков негираше каков било конфликт на интереси за изработка на магистерски труд од областа во која министерува, велејќи дека во македонското законодавство не постои категорија „конфликтна“ или „неконфликтна“ тема за магистерска работа. Тој не одговори на прашањето на РСЕ дали планира да го продолжи академското образование.