По Кити, се омажи и Амелија Спенсер, другата внука на леди Дајана


Јужна Африка- Леди Амелија Спенсер (30), внука на покојната принцеза Дијана се омажи, неполни три години по свршувачката со Грег Малет (30).

Церемонијата се одржа во Јужна Африка, срцето на Амелија, каде убавицата помина добар дел од своето детство откако нејзините родители, Чарлс Спенсер и Викторија Ајткен се разведоа.

Амелија, всушност, со нејзината близначка Елиза, нејзината постара сестра Кити и најмладиот од куќата Луис, пораснаа во Кејптаун и отсекогаш сонувала да ја прослави својата венчавка во земјата која отсекогаш била дом за неа. И така беше.

Церемонијата се одржа на поранешната фарма Ла Кот која датира од 1698 година, во која сега се наоѓа одморалиште, во градот Франшхук, на околу 75 километри од Кејптаун.

Се уште се памети спектакуларната тридневна венчавка на леди Кити Спенсер, лани, која се одлучи да се омажи на повеќе од 1.000 милји далеку, во Рим, отколку во домот на нејзините предци, на семејниот имот Алторп, во Англија.