По хаосот на границата со Полска, забележан прв случај со корона вирус меѓу мигрантите


Меѓу мигрантите на границата Белорусија-Полска, забележан е прв случај со корона вирус.

Ова денеска го потврди заменик-претседателот на Гродњенскиот извршен одбор Виктор Прањук.

Тој изјави дека во Белорусија во транспортно-логистичкиот центар е откриен заразен мигрант, кој е хоспитализиран на Универзитетската клиника Гродно, пренесе РИА Новости.

Порано беше соопштено дека белоруската страна во иднина ќе почне да вакцинира илегални мигранти со кинеската вакцина „Веросел“.

Според податоците на локалните власти, во транспортно-логистички центар стигнале уште 400 беглаци. Претходно Минск соопшти дека во тој центар има околу 1.000 луѓе.

На границата Белорусија со Полска и балтичките земји од летоска е зајакнат приливот на мигранти од Блискиот исток и Африка кои се обидуваат да продрат до западна Европа.

Ситуацијата ескалира на 8 ноември, коха на бариерите се собраа повеќе од 2.000 луше, кои неколку пати се обидоа да ја пробијат оградата.