По Филхармонија, во НОБ – два предбожикни концерти на Каролина, Дуке и Исмаил
По петте распродадени концерти викендов во Македонска филхармонија, проектот „Песни за љубов и копнеж“ со Каролина, Дуке и Исмаил поради зголемен интерес, се сели на поинтимна локација со помал капацитет (само 650 места од вечер) – Македонската опера и балет.
Влезниците, само 650 од вечер за двата концерти на 3 и 4 јануари ќе бидат пуштени во продажба од среда во 09 часот наутро онлајн и преку продажната мрежа на avalon.mk по следните цени и категории: 1, 500 денари и ВИП-1990 денари.
Албумот ,,Песни за љубов и копнеж” е сочинет од 11 од најубавите, подзаборавени македонски композиции од втората половина на 20-от век – златната ера на македонската забавна музика, потпишани од некои од некои нашите најмаркантни автори: Драган Ѓаконовски Шпато, Димитар Масевски, Тодор Бојаџиев, Љубомир Бранѓолица…