По две години најден мртов маж во стан во Стокхолм


Маж на возраст од седумдесетина години најден е мртов во неговиот стан во Стокхолм неделава, со неотворена пошта што сугерира дека тој починал пред две години.

Тој бил пронајден откако неговите соседи ја контактирале полицијата, јави СВТ.

Полицијата вели дека немало ништо сомнително во неговата смрт и дека мажот бил мртво веќе некое време.

Портпаролот соопшти дека неговите роднини се известени.

Кога полицијата влегла во станот, куп пошта, сметки и флаери имало во поштенското сандаче на влезот. Локален весник, со датум на издавање од август 2019 година најден е во купот хартии, и неотворено писмо од февруари истата година.

Во 2019 година, се отвори дискусија во шведското општество за високиот број домаќинства со еден член, што укажува на осаменсота и важноста на дружбата сос соседите, откако, исто така беше пронајден мртов маж во дуг стан во Стокхолм, за кој се воспостави дека е починат веќе три години.