По Броснан, и Сталоне го продава домот на Беверли Хилс за 110 милиони долари (фото)
САД– Ѕвездата на филмовите „Роки“ и „Рамбо“, Силвестер Сталоне, одлучи да ја продаде својата куќа на Беверли Хилс. Холивудскиот актер, својот дом во Лос Анџелес го продава за 110 милиони долари. Луксузната вила од 1950 квадратни метри, има 8 спални соби и 12 бањи, огромна дневна соба со маса за билјард и прозорци од под до плафон.
Гостинската куќа е со 2 спални соби, театар, библиотека, гаража за 8 автомобили, уметничко студио, терен за мини голф и базен.
Според „Форбс“, Сталоне ја изградил куќата по купување на парцелата во 90-те години. Во декември, тој купил атрактивен имот во Палм Бич, Флорида, за 35 милиони долари.