По 22 години и потрошени милијарда долари, конечно отворен музејот во Каиро: „Светот никогаш не видел такво нешто!“


Големиот египетски музеј конечно ги отвора вратите по повеќе од две децении и 11  години задоцнување од планираното отворање. Камен-темелникот беше поставен уште во јануари 2002 година, требаше да биде завршен во 2013 година, но отворањето континуирано се одложуваше.

Најавата дека наскоро ќе биде отворен дојде  од ведро небо во понеделникот од египетскиот премиер Мостафа Мадбули.

ГЕМ ќе биде најголемиот археолошки музеј во светот со површина од 490.000 квадратни метри. Се очекува да собере повеќе од 100.000 артефакти, вклучувајќи ја и комплетната колекција на артефакти од гробницата на Тутанкамон, која содржи 5.500 предмети.

Како што пишува британски Телеграф, светската јавност никогаш не видела нешто слично, ниту со толку нетрпение очекувала отворање на музеј.


Трошоците за изградба на овој мега-музеј се проценуваат на повеќе од една милијарда американски долари. Музејот се наоѓа на 16 километри југозападно од Каиро.


Отворањето на ГЕМ може значително да го поттикне туризмот во Египет, да привлече дополнителни посетители и да ја поттикне економијата, особено со оглед на очекувањата за отворање на музејот и фактот дека тој е контроверзен повеќе од две децении без да ги отвори вратите. Туроператорите и авиокомпаниите веќе се подготвуваат за зголемување на бројот на посетители.

ГЕМ, тврдат во Египет, не е само музеј, туку и симбол на модерен Египет. Отворањето на музејот го претставува враќањето на Египет на светската културна сцена, особено во контекст нанеодамнешните турбуленции во земјата.