Пиштолот на Боре Видески не е најден, сведочи инспектор од Велес

На денешното судење за убиствата на Вања Ѓорчевска и на панче Жежовски, сведочеше инспектор од СВР Велес, кој учествувал во истрагата.
Тој потврди дека бил дел од истрагата за убиството на Панче Жежовски во Велес, а ги прегледувал и камерите од движењето на возилата.
„Бев вклучен во истрагата за Панче Жежовски во околината на Велес. Јас и колегите ги прегледавме и камерите од хотел „Романтик“, рече истакна денеска сведокот, Стојан Кујунџиоски.
Кујунџиоски, кој е полицаец од СВР Велес, вели дека не може да потврди како биле облечни лицата во „кангуто“ и „цитроенот“ кои се гледаат на камерите од хотелот, затоа што снимките ги гледал многу одамна.
Тој потврди дека одзеле предмети од Јасминка Видевска, ловна пушка, патрони и куршуми за пиштол 9 мм.
Предметите беа ставени на увид и тие што беа потребни за увид беа преземени од страна на колегите. Пиштолот на Боре Видевски не беше пронајден при претресот, истакна сведокот.
Тој додаде дека не го известил Обвинителството официјално дека го нема пиштолот на Видески.
„Ја известивме обвинителката Славица Темелковски само усно“, објасни сведокот. „При претресот не е пронајден пиштолот, јас немав контакт со Видески за да прашам каде е оружјето. Претресот не го правев јас“.