Пирс Броснан слика секаде каде снима: Уметноста ми го спаси животот
САД– За време на пандемијата, актерот Пирс Броснан (67)се фокусираше на својата втора страст – сликарството – во неговиот дом на Хаваи, во кој живее со сопругата Кели Шеј Броснан (57). Сега една галерија во ЛА продава ограничено серија од неговите слики „Тампони за уши“, што ги насликал за време на снимањето на неговиот прв филм на за Џејмс Бонд „ Golden Eye“ од 1995 година.

„Секогаш поставував студио кога одев на локација за снимање“, им раскажа за „Пипл“. “Кога ги снимав акционите секвенци за филмот, мајсторот-реквизит ги делеше овие тампони за уши заради пушките и експлозиите. Сфатив дека инфографикот од задната страна е пријатен и композициски интригирачки”.
Броснан првпат започнал да слика на 16 години, кога го напуштил училиштето „со ништо друго освен картонска папка со цртежи и слики“, вели тој.
“Уметноста ми го спаси животот. Успеав да се вработам и сакав да бидам графичар. Но, дека работев во студиото три години, ја засакав глумата,и тоа беше сè, бранот се сврте”.

Неговата страст кон сликарството исчезна едно време, но тој му се врати во 1987 година кога неговата прва сопруга Касандра Харис ја губеше борбата со ракот.
„Навистина излезе на виделина мојата страст во многу тешко време во мојот живот“, вели тој. “Се свртев кон светот на сликарството и тоа ми даде одлично чувство на удобност. Оттогаш уметнички созреав. Одам во студио секој ден, дури и ако треба да чистам четки или да ги преместувам боите.“
Неговиот портрет на пејачот Боб Дилан, се продаде за 1,4 милиони долари на аукција во 2018 година.
Што се однесува до неговиот процес, Броснан инсистира на секоја креација „да трае долго затоа што сум мрзлив и не сликам доволно брзо“.
„Или ја донесувам сликата до одредена фаза и се вљубувам во неа“, додава тој. Но, на крајот треба само да се справиш со тоа – и да бидеш бестрашен “. (Пипл)