Пијан дошол во полициска станица – да се извини што возел под дејство на алкохол


За жал, кога луѓето се под дејство на алкохол, тие ретко можат да ги согледаат сопствените способности и да донесат рационални одлуки. Некои ќе влезат во автомобилот и на тој начин ќе ги загрозат другите и себеси.

Еден пијан возач имал грижа на совест, но на погрешен начин. 38-годишникот многу испил, па додека возел почувствувал вина и решил да продолжи понатаму, во полициска станица каде сам се пријавил.

Тоа се случило на 13 април во германската покраина Рајна-Пфалц. Околу 16 часот и 30 минути пијан маж влегол во полициската станица Гау-Бикелхајм за да се извини за возењето во пијана состојба.

Прво што забележале полицајците е дека возачот се мачел да го паркира возилото, а потоа едвај излегол од автомобилот и влегол во станицата. Неговото ниво на алкохол во крвта било 2,8 промили.

И покрај разбудената совест, одземена му е возачката дозвола и се соочува со висока парична казна. Во Германија границата е 0,5 промили.