Пиењето на повеќе од 1,4 литри вода за час може да е опасно

Пиењето повеќе од 1,4 литри вода во рок од еден час може да биде фатално, објави „Дејли меил“, откако почина 35-годишна жена од сојузната држава Индијана во САД. Ешли Самерс испила 2 литри вода за 20 минути.
Центрите за контрола и превенција на болести во САД издадоа совет да не се пие повеќе од 1,4 литри вода во рок од еден час. Ова е еднакво на околу 6 чаши. Голема количина на вода може да доведе до хипонатремија – недостаток на натриум. Слична состојба може да се постигне и при земање премногу енергетски пијалоци и други течности.
Натриумот е од витално значење за телото. Го контролира крвниот притисок, како и состојбата на нервите и мускулите.
Недостатокот на електролитен баланс е опасен за мозокот.
Симптомите на предозирање со течност може да вклучуваат повраќање, главоболка, конфузија, замор, низок крвен притисок, тремор, напади.
Некои луѓе имаат потреба од повеќе течности – на пример, бремени жени, оние кои се занимаваат со физички труд, како и пациенти кои се опоравуваат од одредени болести.
Лекарите често советуваат да пиете повеќе течности на топло време.
Некои експерти веруваат дека славниот Брус Ли починал откако испил премногу вода, што предизвикало церебрален едем. Во 1973 година, една од верзиите за неговата смрт беше земање лекови против болки. Денес сѐ почесто се наметнува верзијата на хипонатремија.