Петков сака да има единствен пазар за трговија со гас на Балканот
Според бугарскиот премиер, за оваа идеја треба да се обединат Бугарија, Србија, Македонија и Грција
Имаме голем потенцијал да направиме единствен пазар за трговија со гас и би биле среќни да можеме да го организираме тоа на краток рок. Ова го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков по разговорот со српската премиерка Ана Бернабиќ во Белград, каде што е во официјална посета, јави БТА.
Двајцата премиери дадоа изјави по разговорите лице в лице и пленарните разговори меѓу двете делегации.
„Нашата врска со Србија, Северна Македонија и Грција може да се обедини под заеднички пазар за трговија со гас“, рече Петков.
„Нашето енергетско поврзување, особено нашето поврзување со гас, ќе биде огромен приоритет. Заедно сме многу посилни, дури и во нашите преговори со трети земји надвор од регионот“, рече Кирил Петков. Тој увери дека гасниот интерконектор со Грција е висок приоритет за Бугарија. Според него, тоа ќе овозможи врската со Србија да има директен пристап до течен гас, како и до азербејџански гас, кој дава диверзификација во регионот.
Видов дека сме истомисленици за сите теми кои не обединуваат. Многу е важно регионот да има максимална поврзаност, за да може паралелно да оди и економскиот развој, рече Петков. Според него, евроинтеграцијата на Србија е огромен приоритет за Софија, додавајќи дека Србија може да смета на Бугарија во напорите за отворање на следните поглавја од преговорите.