Пет исчезнати по пожарот во фабрика во Трикала, бројот на загинати се зголеми на четири (видео)
Голем пожар избувна рано утрово во фабрика за бисквити во близина на Трикала, во централниот грчки регион Тесалија, загинаа најмалку четворица, а една жена е исчезната, објави „Катимерини“.
Пожарот избувнал околу 4 часот наутро во фабриката „Виоланта“, која се наоѓа на националниот пат Трикала – Кардица.
Фабриката работела во моментот на инцидентот бидејќи функционира со 24-часовни смени. Непосредно пред 4 часот наутро била слушната силна експлозија, во време кога во објектот се наоѓале 13 вработени.
Осуммина работници успеале да излезат од фабриката и биле пренесени во Општата болница во Трикала.
Противпожарните екипи првично ангажирале 22 пожарникари со девет возила. Бидејќи пожарот продолжил да се шири и бил надвор од контрола, по 6 часот наутро интервенцијата била засилена, со вкупно 40 пожарникари и 13 возила.
На терен биле испратени и амбулантни возила, а во гаснењето помагале и тешка механизација и цистерни со вода обезбедени од локалните власти.
Причините за избувнувањето на огнот засега не се познати, а инцидентот сè уште е предмет на истрага.