Пешачките патеки ги зголемуваат цените на недвижностите
Во зградите кои се наоѓаат во делови од градот кои имаат добро развиена пешачка мрежа, многу подобро оди продажбата и изнајмувањето простор од оние кои немаат.
Пешачењето секако има многу бенефити по прашањето на квалитетот за животот, но и добро организирана мрежа пешачки патеки која влијае објектите со различни намени да се подостапни што автоматски го одржува и задоволството на граѓаните.
Имајќи го ова во предвид, стручњаците од Центарот за недвижности и Универзитетот Џорџ Вашингтон, кој во амерканската престолнина, настојуваат да го утврдат влијанието на пешачките мрежи во урбаните подрачја на развој и функционирање на градот.
Тие ја дефинирале WalkUP како мерна единица во овој систем, пренесува порталот „Градење“.
Според нивните извештаи, во зградите кои се наоѓаат во делови на градот кои имаат добро развиена пешачка мрежа, многу е подобра продажбата и изнајмувањето на просторот во однос на оние квартови кои предност им даваат на автомобилите, пишува Curbed.
Градовите со најголем процент WalkUP во Америка се: Њујорк, Денвер, Бостон, Вашингтон, Сан Франциско и Чикаго. Детроит се наоѓа дури на 23 место.
Но, во моментот Детроит најмногу вложува во пешачки зони во САД. Во периодот од 2010 до 2018 година Детроит најмногу работел на ова поле на урбанизација.
Тренд на изградба на велосипедски и пешачки патеки, заедно со зелени површини, е нешто што би сакале да го видиме и во нашите градови.