Пентагон на неопределено време го одложи производството на Ф-35 од петтата генерација
Пентагон одлучи да го одложи целосното производство на петтата генерација на бомбардери Ф-35 на неодредено време.
Според Блумберг, американската војска се уште не е подготвена да објави кога ќе биде подготвена за борбени испитувања, што се одложени од 2017 година.
Тестовите беа закажани за декември 2020 година.
Според замениш шефот на Шентагон, Елен Лорд тие биле откажани поради „технички проблеми“ и влијанието на пандемијата на коронавирусот.
Одлука за масовно производство мора да се донесе до март годинава. Нов датум ќе биде одреден врз основа на независна техничка експертиза.
Веќе се испорачани над 600 од потенцијалните 3.200 авиони Ф-35. Тој борбен авион го користи војската во девет земји, вклучително и американското воено воздухопловство.