Пентагон призна дека во Кабул се убиени само цивили


Централната команда на САД призна дека сите жртви се цивили, меѓу кои и деца, но дека никој нема да одговара.

Откако Пентагон со недели инсистираше дека во нападот со беспилотни летала во Кабул на 29 август убиени се терористи на Исламска држава, Централната команда на САД сега се огласи.

Американскиот напад со дрон во Кабул минатиот месец во кој загинаа дури 10 цивили, вклучително и седум деца, беше грешка, соопшти денеска американскиот генерал Френк Мекензи.

„Тоа беше грешка и јас искрено се извинувам“, рече тој пред новинарите, пренесе Ројтерс. Главниот командант на американската Централна команда, додаде дека сега верува оти малку е веројатно дека погоденото возило или загинатите, припаѓале на Исламска држава или дека претставувале директна закана за американските сили на аеродромот во Кабул.