(ВИДЕО) Пендаровски во вила „Водно“ ја презема претседателската функција
Во вила „Водно“ во тек е официјалната церемонија на која досегашниот претседател Ѓорге Иванов му ја примопредава функцијата на Стево Пендаровски.
Церемонијата е со највисоки воени и државни почести, а по нејзиното завршување Иванов и Пендаровски треба да одржат тет-а-тет средба. Потоа ќе следува и заедничка средба на двајцата претседатели со вработените во Кабинетот на претседателот.
Пендаровски ќе има и билатерални средби со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, со претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, со претседателот на Република Албанија, Илир Мета, како и со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.
Новиот претседател на државата ќе има билатерални средби и со министерот за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, Срѓан Дармановиќ, со заменик министерот за надворешни на Република Турција, Фарук Кајмакчи, како и со државниот потсекретар во МНР на Република Полска, Пјотр Вавжик.