Пендаровски и Костадиновска-Стојчевска во посета на Здружението „Рилука“
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вчера заедно со претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга го посетија здружението „Рилука“ Битола.
„Празниците нè обединуваат и ни даваат можност посилно да проговориме за потребата од взаемна грижа, сплотеност, меѓусебно разбирање и прифаќање на разликите.
Со силни емоции ја проследив програмата што предбожиќно ја подготвија дечињата, членови на „Рилука“, Здужението на психолози и родители на дечиња со попреченост „Рилука“ Битола.
Со претседателот Стево Пендаровски неговата сопруга Елизабета го споделивме искуството од ентузијастите во „Рилука“, едно од безбедните катчиња за различните деца и нивните семејства.
Грижата за желбите и потребите на секое дете е наша потреба и обврска, и од тоа не отстапуваме.
Во сороботка со невладиниот сектор, продолжуваме да градиме еднаков свет за сите. „Рилука“ е пример како и вонинституционално можеме да придонесеме за унапредување на заедницата, за бришење на бариерите и стереотипите, за создавање услови за демократско општество со еднакви услови за квалитетен социјален живот“ вели министерката за култура Костадиновска-Стојчевска.