Пендаровски даде свечена изјава во Парламентот


Со давањето на свечената изјава пред Собранието на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и официјално ја презема функцијата претседател на државата.

По повод неговата инаугурација, во Собранието присуствуваат досегашниот претседател Ѓорге Иванов и претходниот шеф на државата Бранко Црвенковски, сопругата на поранешниот претседател Борис Трајковски, Вилма Трајковска, министрите во Владата, началникот на ГШ на АРМ, гувернерката на Народна банка, поглаварите на верските заедници, претставници на судскста власт, на МАНУ, како и гостите, бугарскиот претседател Румен Радев, српскиот претседател Александар Вучиќ, албанскиот претседател Илир Мета и косовскиот претседател Хашим Тачи, министерот за надворешни работи на Црна Гора Срѓан Дармановиќ, грчкиот министер за надворешни работи Георгиос Катроугалос, заменик министерот за надворешни работи на Полска Мациеј Ланг, турскиот заменик министер за надворешни работи Фарук Кајмакчи и висок претставник на кабинетот на претседателот на Словенија Борут Пахор.

Инаугурација се одржува во рамки 96. собраниска седница, а почна со интонирање на македонската химна.

Честитка по повод инаугурацијата на Пендаровски претпладнево упати и премиерот Зоран Заев.