Пејачки, актерки, водителки, мис – Саемот на венчавки во Скопје како модна писта
В петок (10 март) од 17 часот во хотелот „Александар палас“ се отвора Саемот за венчавки или “Wedding Expo Skopje” во организација и реализација на магазинот Во Бело и Конгресен Сервисен Центар.
Како што започнува секоја свадба со музика и првиот танц, така и манифестацијата од 20 часот ќе биде отворена со музички настап на Бојана Скендеровски и танцов перформанс со аргентинско танго. Веднаш потоа на сцената ќе продефилираат познати лица” Познатите во венчаници”, пејачки, актерки, водителки, мис , спортистки, во венчаници и свечени костуми.

На сцената вечерта ќе ги видиме, Марјана Станојковска, Драгана Левенска, Пулексенија Јовановска, Сања Савевска, Лила Филиповска, Миро Г-Карпет, Моника Црнокрак, Илариа Кирилов, Анѓела Јакимовска, Кристина Димитри, Ева Јакимовска-Бекстејџ, Сара Дамчевска, Ангелина Китановска, Срефани Бубало, а водител и домаќин на настанот е Ведрана Ѓоргевиќ. Оние што ќе одберат да го посетат саемот во сабота и недела работното време е од 10 до 21ч, а на програмата се 7 модни ревии кои стартуваат од 12 часот во сабота.
Помеѓу ревиите гостите ќе ги забавуваат Пламенка Трајковска, Хепи енд бенд и Дипломатик Бенд.
Саемот е од интернационален карактер, па така со свои изложувачки простор освен нашите најдобри дизајнери, фотографи, декоратери и др. На саемот има и дизајнери од балканските простори но и познати европски дизајнери. Околу 50. изложувачи од свадбената индустрија на 1500м2 ќе се потрудат да ги решат сите слатки маки кои ги имаат идните младенци.
Влезниците за саемот се купуваат на самиот влез на хотелот по цена од 200 ден за петок и 150 ден за сабота и недела. Влезниците можат да се набават и преку платформата купикартизасе.ком за посетителите кои доаѓаат од други градови е организиран превоз преку т.а Војаџер. Свеченото шоу (ревијата од петок) ќе се емитува на Канал 5 , во сабота во 21 часот.