Пазарџиите во Тетово треба да ја отстранат стоката од околината на пазарот за една недел
Секторот за комунални дејности и заштита на животната средина и природата соопштува дека почнувајќи од денеска ќе преземе активности, заедно со Општинскиот инспекторат, за ослободување на јавните површини и тротоарите околу зелениот пазар.
Ваквата акција на инспекториатот доаѓа како резултат на блокирањето на тротоарите околу пазарот, кои го попречуваат слободното движење на граѓаните и поради нелојалната конкуренција.
Во просториите на „Зелен пазар“ има 120 слободни работни места, па ги замолуваме сите продавачи да ја вршат својата дејност согласно законот, со влез во просториите на зелениот пазар.
Исто така, општинскиот инспекторат бара од дивите продавачи, почнувајќи од денеска (13.12.2021 до 19.12.2021) да ја отстранат својата стока од јавните површини, во спротивно ќе се соочат со законот.
По истекот на рокот за отстранување на стоката, доколку не ја извадиле стоката, комуналното претпријатие ќе организира камион за транспорт на стоката до просториите на „Паркови и зеленило“, во присуство на општинскиот инспекторат, пазарниот инспекторат и полицијата.
По отстранувањето на стоката, општинскиот инспекторат заедно со пазарниот инспекторат и полицијата од понеделник, 20.12.2021 година, ќе вршат постојани контроли за заштита на јавните површини.
Во меѓувреме, Секторот за комунални дејности треба да постави табли за паркирање на улицата „120“, кои ќе се користи од ЈП „Градски паркинг“ за зонско паркирање.