Партијата на Зеленески, Слуга на народот, води на парламентарните избори во Украина
Пет политички партии денеска чекаат да обезбедат влез во украинскиот парламент, по преброени повеќе од половина гласачки ливчиња, наведува Централната изборна комисија, пренесува ДПА.
Партијата на претседателот Володимир Зеленски, Слуга на народот, именувана по телевизиската емисија што ја имаше сегашниот шеф на државата, води со 42 отсто од гласовите.
Далеку зад него, со речиси 13 отсто доверба, е опозициската платформа на политичари блиски до Кремљ, „За животот“, која се обидува да ги поправи билатералните врски со Русија, уништени откако оваа земја го анектираше украинскиот Кримски регион пред пет години.
Лидерот на сојузот, Виктор Медведчук, пред изборите беше пофален од страна на рускиот претседател Владимир Путин и премиерот Дмитриј Медведев, на одделните средби во Русија.
Политичките партии на претходниот претседател на Украина, Петро Порошенко, и поранешниот премиер Јулија Тимошенко, се наоѓаат на трето и четврто место.
На петтото место, со околу еден процентен поен над прагот од пет проценти, е партијата на рок ѕвездата Свитослав Вакарчук – партијата Глас.
Зеленски во неделата рече дека не планира да формира коалиција со никого од претходното раководство. Според досега познатите резултати од анкетите Зеленски планира да го оокани Вакарчук за коалициски разговори, јавува ДПА.