Партијата на Меркел во слободен пад пред изборите


БЕРЛИН – Германија влегува во последниот месец од националната изборна кампања оваа недела со трите најголеми партии во мртва трка, што е најнов сигнал дека контурите на политичката географија на земјата ќе бидат прецртани по заминувањето на Ангела Меркел.

Анкетите последниве денови укажуваат на постојан пад на поддршката за владејачките демохристијани, чиј кандидат за канцелар, лидер на партијата Армин Лашет, се чини дека досега не ја убеди јавноста дека е достоен наследник на Меркел, која планира да се повлече по 16 години на функцијата.

Демохристијаните (ЦДУ) ги поддржуваат само 24 проценти од населението, што е помалку од 29-те проценти минатиот месец. Социјалдемократите (СПД), зајакнати од популарноста на нивниот кандидат за канцелар, министерот за финансии Олаф Шолц, скокнаа од 16 на 20 проценти, а Зелените, за кои многумина мислеа дека се јасна партија број 2, стагнираа на 18 проценти.

Најновите индивидуални анкети се уште позагрижувачки за десноцентристичките Демохристијани, кои водат кампања заедно со нивната баварска сестринска партија, Христијанско-социјалната унија (ЦСУ). Според неделниот барометар објавен од весникот „Билд ам Зонтаг“ викендов, демохристијаните сега дури и со СПД имаат поддршка од  22 проценти, но сепак пред Зелените со 17 проценти.

Доколку се потврди тоа на гласачките кутии, таков резултат ќе ја искомплицира коалициската математика во Германија со тоа што ќе принуди тристрана алијанса за прв пат од раните години на повоената република. Иако сите партии што имаат шанси да се приклучат на владата тврдат дека се проевропски, трипартиската коалиција во најголемата и најважна земја на ЕУ, исто така, ќе биде нова територија за Брисел, кој се потпираше на владите на Меркел како бедем на стабилност во време на криза.

Многу набудувачи предвидуваат спојување меѓу демохристијаните, Зелените и Слободните демократи (ФДП),кои се  конзервативна, про-деловна партија за која ќе гласаат околу 12 проценти. Ако демохристијаните не успеат да добијат јасен мандат со убедлива победа, сепак, Зелените, кои најверојатно ќе играат клучна улога, ќе се соочат со притисок од нивната база за градење на коалиција со идеолошки братучеди – социјалдемократите и партијата Левица.

Друга можна тринасочна опција ќе биде комбинација на СПД, ФДП и Зелените, колоквијално познати како „семафори“. Друга опција би била сојузот помеѓу ЦДУ, СПД и ФДП. Секоја од потенцијалните коалиции има свои предизвици, сугерирајќи дека напорите за изградба на коалиција ќе бидат развлечена работа што ќе трае многу подалеку од денот на изборите на 26 септември.

Најголемото изненадување на кампањата досега беше растот на СПД, кој многу аналитичари го отпишаа по лошите резултати на неодамнешните избори и борбата за надминување на внатрешните расправии. Шолц, лидер на партијата, се чини дека има корист и од погрешните чекори на неговите главни ривали – Лашет и лидерката на Зелените, Аналена Баербок- како и од неговиот статус како единствен кандидат со долго и докажано досие во извршната власт. Поранешниот градоначалник на Хамбург, Шолц со децении беше дел од германската политика и му веруваа избирачите од сите политички спектри.Многу гласачи сметаат дека умерениот Шолц е најдобрата замена за Меркел, чијшто центристички курс помогна да стане најпопуларната политичарка во земјата.

„ЦДУ и ЦСУ треба да се одморат во опозицијата. Тие управуваа со оваа земја доволно долго “, рече Шолц на предизборниот настан во Карлсруе во понеделникот.

На прашањето кого поддржуваат на директните избори за канцелар, Германците го поддржаа Шолц со голема разлика. Во саботата, Лашет ја повика Меркел да помогне во зајакнувањето на неговата кампања со заедничко појавување во Берлин. Присуствуваше и Маркус Седер, баварскиот премиер.Како и многуте неодамнешни настапи на Лакет, настанот  ќе се памети по непријатните моменти. Во еден момент, додека се сеќаваше на познатата приказна за германската полициска единица која спаси заложници од киднапираниот авион Луфтханза во 1970 -тите, Лашет погрешно кажа и рече дека операцијата, која се случи во Могадишу, била во германскиот град Ландшут (името на авионот).Додека зборуваше Лашет, Седер, кој ја загуби внатрепартиската трка за кандидатурата, но е многу попопуларен кај пошироката популација,седеше гледајќи во својот мобилен телефон.

Еден од најнеочекуваните аспекти на кампањата е степенот до кој таа е водена од личностите, а не од проблемите.На пример, Зелените се насочени кон климатските промени, но се чини дека не добија дополнителна поддршка по неодамнешните разорни поплави во западна Германија. И да добија, ја изгубија потоа поради слабиот настап на нивниот кандидат.

Избирачите изгледаат слично недопирливи и околу хаосот во Авганистан кога станува збор за нивните партиски преференции. Неуспехот на Берлин да ги послуша молбите на неговата  амбасада во Кабул за евакуација на германскиот и локалниот персонал неколку недели пред градот да падне во рацете на Талибанците, нешто за што се обвинува Министерството за надворешни работи предводено од СПД – не го спречи подемот на партијата во анкетите. Во наредниот период гласачите може да се свртат кон политичките програми на партиите, но поради недостигот на политичка стабилност во светот, идеологијата се чини дека е помалку важна за многу гласачи отколку да се најде она на што се потпираше Германија во изминатите 16 години – сигурни пар раце. (Политико)