Папата Франциско ќе го добие првиот електричен папамобил (видео)


„Фискер“ планира да го испорача првото електрично возило со сончев покрив на папата Фрациско следната година, објави во петокот американската стартап компанија.
„Фискер“ (Fisker) ќе го покрие својот модел Океан, наменет за папата, со подвижна стаклена купола, додека внатрешноста ќе биде изработена од одржливи материјали. На пример, подлогите ќе бидат направени од рециклирани пластични шишиња.

Коосновачот на компанијата Херник Фискер, претходно дизајнер на британската марка луксузни автомобили Астон Мартин и Гета Гупта-Фискер се сретнаа со поглаварот на Католичката црква во Ватикан, соопшти компанијата.

„Бев инспириран откако прочитав дека папата Франциско е посветен на животната средина и влијанието на климатските промени врз идните генерации“, рече Фискер.

Почетокот на производството на теренецот Океан е планирано за ноември следната година, во соработка со производителот Магна во Европа.

Компанијата не ја откри цената на модифицираното возило за Папата, но најевтиниот Fisker Ocean во САД чини 37.499 долари и 32.000 евра во Германија.

Минатата година папата Франциско доби специјална Тојота Мираи на водород.