Памела Андерсон зрачеше од љубов: Објавени фотографиите од тајната венчавка со телохранителот


САД- Актерката и активистка Памела Андерсон ги изненади обожавателите минатата недела откривајќи дека се омажила ( по четврти пат) за својот телохранител Дан Хејхурст на интимна церемонија во дворот на куќата што ја купила од нејзините баба и дедо, на островот Ванкувер, Канада.

-Памела зрачеше од љубов “, изјави за „Пипл“ свадбената фотографка и пекарка на торти Хедер Рос во изданието за оваа недела.” Тие беа толку среќни и фокусирани еден на друг. “

Тие собраа борови гранки од имотот на Андерсон и додадоа „маслиново гранче за мир, рози за романтична љубов и егзотична орхидеја за страсна љубов за да претставуваат нови почетоци“, објаснува Рос.

Андерсон ѝ дала задача на Рос да најде свадбена торта за венчавката – на која ги венчал локален поплствувал без присуство на ќелонови на семејството и пријатели. Но, „тајната свадба на славни личности непосредно пред Божиќ на оддалечен имот има свои предизвици“, признава Рос.

“Сфатив дека наоѓањето [торта] во последен момент може да биде тешко. Сакам да печам и да готвам, и јас сум веган како Памела, па затоа и предложив да и направам свадбена торта.”

Сестрата на Рос, Џенет беше стилистка на Андерсон и за изгледот на денот на венчавката на актерката родена во Канада, избра сино здолниште од тул од Џоана Делејни , неверојатен превез на Валентино, корсет од сатенска лента и елегантна долна облека од тантела. „Резултатот беше воодушевувачки на Памела“, вели Хедер.

И наместо традиционални невестински потпетици, моделот на Плејбој облече зелени дождовни чизми Хантер за да го помине калливиот терен на дворот.

„Тоа беше толку разиграно спротивставување што совршено одговараше на нејзината личност“, вели Хедер. (Пипл)