Памела Андерсон тајно се омажи за телохранителот, не знае кој брак и е по ред
САД- Актерката и активистка Памела Андерсон е тазе невеста. 53-годишната ѕвезда на „Baywatch“ и модел на „Плејбој“ откри дека се земала со нејзиниот телохранител Дан Хејхурст, во нејзината куќа на островот Ванкувер, на Бадник. Андерсон, која носеше чизми за дожд под бела винтиџ венчаница, сподели фотографии од тајната венчавка со DailyMailTV.
„Јас сум токму таму каде што треба да бидам – во прегратките на човек што навистина ме сака“, изјави таа.
Хејхурст беше со Андерсон 24/7 последната година за време на локдаунот во Канада.
Иако на церемонијата немаше семејство или пријатели, актерката истакна дека „сите“ се среќни за нив.
„Се омажив на имотот што го купив од моите баба и дедо пред 25 години, тука се венчаа моите родители и тие се уште се заедно. Се чувствувам како да го обиколив целиот круг “, изјави актерката.
На прашањето дали ќе земат меден месец по олеснувањето на ограничувањата за патување на Ковид-19, Андерсон одговори: „Секој ден е наш меден месец“.
Ова е четврти, петти или шести брак на Андерсон – во зависност од тоа кого ќе прашате.
Минатата година Андерсон се венча со продуцентот Џон Питерс, но тие се разделија за помалку од две недели подоцна. Активистката за права на животни за Њујорк Тајмс изјави дека таа и Питерс никогаш не го официјализирале бракот.
„Тоа беше само некаков мал момент. Момент што дојде и помина, но немаше свадба, немаше брак, немаше ништо “, тврди Андерсон. „Тоа е како никогаш да не се случило. Звучи бизарно. Но, тоа е тоа. ”
Андерсон возврати на тоа колку пати луѓето мислат дека е мажена.
„Јас сум била во брак три пати. Луѓето мислат дека сум бил во брак пет пати. Не знам зошто. Со Томи [Ли], сум била во брак со Боб [Ричи, попознат како Кид Рок] и со Рик [Саломон.] И тоа е тоа “.
(Андерсон се венча со Саломон двапати.) (според агенциите)