Пад на бројот новозаразени во Шведска, но висок бројот на починати


 

Бројот на новозаразени од корона вирус во Шведска од минатиот петок се зголеми за 9.123, што покажува дека успорува вториот бран на пандемијата, соопшти шведската Агенција за здравје.

Во текот на изминатите седум дена бројот на новозаразени од Ковид-19 изнесуваше 9.779.

Бројот на новозаразени, значително паѓа во последните седмици, но бројот на починати и понатаму е висок.

„Гледаме континуиран развој со се помалку и помалку случаи“, рече главниот епидемиолог Андерс Тегнел на конференцијата за новинари.