Пациентка заразена со корона вирус избегала преку прозорец од болницата во Гостивар


Пациентка заразена со корона вирусот е снимена како излегува од прозорецот на задната просторија на Одделот за инфективни болести од болницата во Гостивар, објави порталот Лајме.мк.

Во моментов, сѐ уште нема официјална реакција од страна на болницата или полицијата.

Состојбата со корона вирусот во нашата држава повторно станува аларматна, а Гостивар е еден од градовите во кои има над 1.000 активни случаи. Од почетокот на пандемијата во Гостивар се регистрирани 7.503 случаи на корона вирус, додека во моментов има 1.394 активни случаи.