Оздравеа уште 21 пацинет, нови 8, почина една жена од Тетово

Според извештајот на Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа во Македонија, оздравеле уште 21 пациент, потврдени се осум нови, а почина една пациентка од Тетово, соопшти Министерството за здравство.
Денеска е регистриран 21 оздравен пациент во:
– Скопје 8
– Куманово 6
– Штип 1
– Прилеп 2
– Тетово 1
– Велес 1
– Кочани 1
– Македонски Брод 1
Во изминатите 24 часа, пак, се направени 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во:
– Скопје 3
– Битола 1
– Велес 4
Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.
Согласно ова, вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.526, бројката на оздравени пациенти е 1.013, на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427.
Во изминатото деноноќие се направени вкупно 185 теста.