Ова се телефоните за информации за настраданите во пожарот во дискотеката

Министерството за здравство ги објави телефонските броеви на кои може да се добијат дополнителни информации за состојбата на лицата кои настрадаа во пожарот во дискотеката во Кочани, а кои се згрижени во болниците.
Еве ги телефонските броеви:
ГОБ 8 Септември – 071226764
Клинички центар- 070387115
СВ Наум Охридски – 075203026
Во соопштението до медиумите Министерствот за здравство изразува длабоко сочувство кон семејствата и блиските на сите засегнати од трагедијата во Кочани, Министерството изразува солидарност и поддршка во овие тешки моменти.
„Веднаш по несреќата, здравствениот систем беше целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети се ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените. Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош“, се вели во информацијата.
Претходно министерот Тарвари рече дека бројката на згрижени пациенти е 148.
„Министерството за здравство ја уверува јавноста дека сите расположливи ресурси се ставени во функција и дека ниту еден пациент не е оставен без неопходна грижа. Наш приоритет останува спасувањето животи и обезбедувањето најдобри можни услови за закрепнување на повредените“, се вели во соопштението.
Изразуваме благодарност до сите опшествено-одговорни граѓани и субјекти кои помагаат во овие тешки моменти и доброволно понудија помош, велат од Министерството за здравство.