Ова се најблиските фотографии од Сонцето направени за време на историското прелетување на сондата „Паркер“

Сондрата Паркер направи фотографии и сними други податоци од короната на Сонцето за време на рекордно приближување минатата година.
Сондата Паркер, која припаѓа на американската вселенска агенција НАСА, влезе во историјата во декември минатата година со приближувањето до Сонцето, а сега фотографиите што ги сними се објавени.
НАСА објави тајмлапс снимка направена од фотографии направени од камерата Wide Field Imager for Solar Probe (WISPR) додека сондата минувала низ короната на Сонцето (надворешната атмосфера) на 25 декември 2024 година, давајќи поглед одблизу на тоа како функционирале сончевите ветрови кратко по нивното ослободување.
Сондата ги сними овие фотографии од растојание од малку повеќе од 6 милијарди километри од површината на Сонцето.
За време на приближувањето, сондата доби невиден поглед на сончевиот ветер и исфрлањето на короналната маса (CME), што би можело да биде непроценливо за нашето разбирање на вселенското време.
„Сведоци сме каде почнуваат заканите од вселенското време за Земјата, гледајќи го тоа со свои очи“, соопшти НАСА.
По своето прелетување во декември, соларната сонда Паркер го изедначи рекордното растојание од површината на Сонцето во последователните прелетувања во март и јуни. Следното прелетување се очекува на 15 септември.