Ова мало приградско училиште беше прогласено за најдобра нова зграда во светот
Училиштетот во предградието на Сиднеј ја победи конкуренцијата од облакодери, музеи и аердромски терминали
Скромното приградско училиште во Австралија обеди конкуренцијата на облакодери, музеи и аеродромски терминали за да биде прогласено за светска зграда на годината за 2024 година.
Јавното училиште Дарлингтон, во предградието на Сиднеј, Чипендејл, победи повеќе од 220 други дизајни во потесниот избор за да ја освои посакуваната годишна награда на Светскиот фестивал за архитектура во Сингапур во петокот.
Отворен минатата есен, проектот комбинира аголна зграда од тули на кампусот, со карактеристичен покрив со „пилести заби“, со уредени надворешни простори, вклучувајќи големо кошаркарско игралиште и заедничка градина. Нежно закривените метални екрани опкружуваат низа тераси на отворено, дозволувајќи дневната светлина да се филтрира додека ја штити приватноста на учениците.
Училиште одамна постоело на локацијата во јужниот дел на Сиднеј, иако старата зграда од 1970-тите повеќе не била соодветна за намената, според fjcstudio, дизајнерската фирма зад проектот. Архитектите од Сиднеј рекоа дека нивниот нов дизајн „радикално го трансформирал“ училиштето за да понуди „нови и современи средини за учење“, иако проектот бил наменет да го „долови духот“ на оригиналниот кампус.
Во новиот кампус, предучилишна, градинка и основно училиште, ќе можат да се сместат повеќе од 500 ученици, се наведува на веб-страницата на училиштето. Процесот на градење во две фази значеше дека часовите можеа да продолжат во текот на изградбата.
Во описот на проектот, fjcstudio рече дека јавното училиште Дарлингтон има „силни врски со Абориџините“. Дизајнерската фирма рече дека помогнала да се зачува ова културно наследство со поставување на автохтона уметност во училишниот хол, влезниот прием и училниците. Абориџинските мурали кои биле насликани на ѕидовите на старото училиште, во меѓувреме биле репродуцирани во облогата на новата зграда.
Други проекти во конкуренција за главната награда беа Националната ѕвездена опсерваторија на Кипар, полска автобуска станица и соларна централа во Турција.
Резултатот од петокот ја означува втората последователна година кога судиите на WAF се одлучија за образовна зграда, со спокоен интернат во Кина кој ја освои титулата од минатата година.