Ова е време на Адам Драјвер: Глуми со Леди Гага, во Кан е ѕвезда и е заштитно лице на првиот парфем на Рикардо Тиши за „Барбери“

САД– Актерот Адам Драјвер е заштитно лице на првиот парфем на уметничкиот директор Рикардо Тиши за „Барбери“, кој треба да се појави во август.
„Многу сум среќен што работам со „Барбери“на оваа кампања и со Рикардо Тиши во претставувањето на неговиот прв мирис за брендот“, изјави денес Драјвер кој е актуелен со новиот филм „Анет“ на Лео Каракс, којшто се натпреварува за главната награда и кој го отвори синоќа 74. Кански филмски фестивал. Тој прошета со својата колешка од филмот Марион Котијар на црвениот килим на Кроазета која по пандемијата се враќа со целиот свој сјај и гламур.
„Драјвер заедно со Леди Гага во Италија го завршија снимањето на драмата на Ридли Скот „Куќата на Гучи“ кој ја следи приказната за Маурицио (Адам Драјвер), шефот на модната куќа Гучи, неговата поранешна сопруга Реџани и последиците од неговата смрт откако Реџани ангажираше убиец за да го убие во 1995 година.
Филмот се базира на романот The House of Gucci: A Sensational Story of Murder, Madness, Glamour and Greed на Сара Геј Форден. Во него играат уште Ал Пачино, Џек Хастон, Рив Карни и Џереми Ајронс.
„Куќата на Гучи“ ќе почне да се прикажува во кината од 24 ноември.