Отварањето на 80. Мостра во знакот на италијанските ѕвезди


Катерина Мурино/ Фото: Грација

Венеција– Штрајкот на филмските работници во Холивуд остави печат и на отворањето на осумдесеттиот Филмски фестивал во Венеција (Мостра). Тоа мина со помалку меѓународни филмски ѕвезди од вообичаено. Затоа, пак, на црвениот тепих можеа да се видат многу италијански познати личности.

Топ манекенката Бјанка Балти/ Фото: Грација

Во својот воведен говор, актерката Катерина Мурино им се обрати на штрајкувачите во Холивуд: „Топол и поддржувачки поздрав до оние кои не се тука со нас за да ја бранат интелектуалната и економската вредност на својата работа.“

Претседателот на жирито Демиен Шазел рече дека индустријата мора повторно да ја стави уметноста во преден план. Режисерот на „Ла Ла Ленд“ на прес-конференцијата по повод отворањето на фестивалот во Венеција носеше маица со поддршка на штрајковите поради платите и потенцијалното влијание на вештачката интелигенција.

Поради тоа, некои американски ѕвезди вклучени во филмови на овогодинешниот фестивал не доаѓаат во Венеција. Тука спаѓа и Бредли Купер, чиј филм „Маестро“ е во конкуренција за награда. На фестивалот нема да се појави ниту Ема Стоун, која ја игра главната улога во филмот „Бедни креатури“ на Јоргос Лантимос. Покрај тоа, наместо филмот „Предизвикувачи“ на Лука Гвадањино, со американската актерка Зендаја во главна улога, кој првично требаше да биде прикажан на отворањето, почетокот го доби филмот „Командант“.

Тони Гарн

Историската драма на италијанскиот режисер Едоардо Де Анџелис ја раскажува приказната за командант на италијанска подморница во Втората светска војна. Во 1940 година, за време на борбена операција во Атлантикот, Салваторе Тодаро одлучил да ги спаси белгиските бродоломци откако го потонал нивниот брод.

Свева Алвити / Фото: Грација

Режисерката Кавани нагрaдена за животно дело

На 90-годишната италијанска режисерка Лилијана Кавани ѝ беше доделена почесна награда. Кавани ја прими наградата за животно дело од британската актерка Шарлот Ремплинг.

Шарлота Ремплинг и Лилијана Кавани/ Фото: Гети

Таа ја игра главната улога во филмот на Кавани „Ноќен портир“ (1974). Германски филм во конкуренцијата за награди на фестивалот е црно-белиот трилер „Теорија за сѐ“ на Тим Крегер.

Сцена од филмот „Теорија за сѐ“
Сцена од филмот „Теорија за сѐ“/ Фотографија: Neue Visionen Filmverleih/dpa

 

Голема дискусија предизвика прикажувањето на новите филмови на старите мајстори Вуди Ален и Роман Полански, кои се контроверзни поради обвинувањата за злоставување.

Џулија Бовалкуа/ Фото: Грација

Златниот лав на фестивалот ќе биде доделен на 9 септември. За највисоката награда на фестивалот се натпреваруваат вкупно 23 филмови.

Ангелина Фрерк / Фото: Грација
Елиса Висари / Фото: Грација