Откритие на АјСтори: Србија ѝ издавала пасоши на руската елита по инвазијата на Украина

Српските власти издале пасоши на десетици Руси поврзани со Кремљ од почетокот на сеопфатната инвазија на Украина, објави денеска порталот за истражувачко новинарство IStories, цитирајќи владини податоци.
Вкупно 204 Руси биле натурализирани како српски државјани во периодот од почетокот на 2022 година до април 2025 година, вклучително и многумина со врски со руската одбранбена индустрија и разузнавачките служби, пишува порталот.
Меѓу оние кои добија државјанство се 11 сегашни и поранешни директори на санкционирани руски одбранбени компании и членови на нивните семејства, вклучително и сопруги и ќерки. Овие компании ги вклучуваат Radio-Electronic Technologies Concern (KRET), Elekon, Казанскиот оптичко-механички институт, како и Almaz-Antey, според IStories.
Еден од примателите на пасоши служел во елитна единица на ФСБ?
Еден од примателите, Виктор Шендрик, наводно служел во елитната единица Вимпел на ФСБ и бил главен телохранител на претседателот Владимир Путин и неговите соработници милијардери Аркадиј и Борис Ротенберг. Други се поврзани со чеченскиот лидер Рамзан Кадиров или со Умар Кремлев, претседател на Меѓународната боксерска федерација и неговиот соработник, шефот на Претседателската служба за безбедност, Алексеј Рубежни.
Девет приматели на пасоши беа идентификувани како сегашни или поранешни директори на санкционирани банки, вклучувајќи ги ВТБ, Газпромбанк и Дом РФ.
Можат да патуваат без визи низ ЕУ
Ниту еден од новонатурализираните граѓани не е на списоците за санкции од Западот и може да патува без визи низ ЕУ, според IStories. Имателите на српски пасоши имаат пристап до 29 земји во Шенген зоната, што овозможува патување без пасоши низ поголемиот дел од Европа.
Исто така, IStories известува дека повеќе од 30 Руси кои добиле српски пасоши во 2024 година се поврзани со руски државни институции или големи компании.
Илја Шуманов, поранешен шеф на Транспаренси интернешнал Русија, сугерираше дека масовното издавање пасоши би можело да биде дел од таен договор меѓу Москва и Белград, според кој Русија обезбедува финансиска поддршка на српските власти.