Откријте ја Македонија со „Фешн груп“: Модно патување со балкански ѕвезди


Оваа пролет носи посебна приказна со себе, приказна за слободата и сета нејзина убавина… Овојпат, Fashion group ви раскажува сосема нови, поинакви авантури на кои знаат дека ќе се радувате…

Пролетната кампања на Fashion group ве води на некои од најмагичните места низ нашата земја, прикажувајќи ги новите колекции кои се како создадени за поинаква и шармантна пролет.

Низ фотографската призма на одличниот Мирко Табашевиќ, Fashion group пред објективот ги носи омилените балкански ѕвезди Дуња Јованиќ и Сара Јовановиќ, прикажувајќи ја сета нивна енергија и уникатност поради што и се дел од кампањата за оваа сезона.

Како нивни домаќини кои им ја покажаа сета скриена убавина на нашата земја, овојпат групацијата покани познати македонски инфлуенсери и создаде едно сосема поинакво искуство, прикажувајќи ги новите колекции на познатите брендови.

Она посебното во сите кои оваа сезона беа дел од кампањата на Fashion Group, прикажа еден неодолив спој на млади и амбициозни луѓе кои секогаш имаат што да кажат.

Двете дами заедно со нашите познати инфлуенсери, имаа можност да уживаат во прошетката низ центарот на Скопје, да бидат сведоци на уште едно совршено музичко патување со талентираната Ана Петановска во МОБ, да ги вкусат најубавите специјалитети и едноставно и за миг, сите заедно да ја искусат културата на нашата земја.