Откриена мутација на корона вирусот што може повторно да ги зарази оние кои веќе прележале КОВИД-19


Студија објавена во научниот репозиориј bioRxiv откри дека новиот јужноафрикански вид SARS-CoV-2, 501Y.V2, кој се карактеризира со повеќе мутации, може да избегне неутрализирање на моментално присутните антитела од првиот бран и потенцијално повторно да ги инфицира пациентите кои веќе закрепнале од КОВИД-19

 

Со оглед на тоа што се појавуваат многу варијанти на вирусот САРС-КоВ-2 и ги потиснуваат оние кои беа доминантни во првиот бран на пандемијата, исклучително е важно да се процени не само нивната релативна преносливост и вирулентност при предизвикување на КОВИД-19, туку и тенденцијата да ја избегнат неутрализацијата со антитела.

Затоа е важно да се следат новите варијанти на корона вирусот кои имаат мутации кои влијаат на интеракцијата на шилестиот протеин со рецепторот ACE2 во човечките клетки, што е влезна точка за новиот корона вирус во здрава клетка, пренесува Зимо.Дневник.хр текст објавен во News Medical.

Варијантите на новиот коронавирус со поголем афинитет за врзување со рецепторот ACE2 исто така ќе се шират повеќе. Понатаму, пренесувањето е поврзано со смртност затоа што повеќе случаи на инфекција доведуваат до повеќе заболени, а со тоа и смртни случаи од последиците на болеста.

Сепак, резултатот од побрзи и пошироки инфекции исто така може да се должи на губење на ефикасноста на моментално достапните терапии со антитела и вакцините, како и падот на имунитетот кај лица претходно заразени со новиот коронавирус за време на првиот бран на пандемијата.

За подобро разбирање на ризиците што ги носат единечни или комбинирани мутации во варијантите на новиот корона вирус од вториот бран на пандемијата, научниците од ImmunityBio во Калифорнија извршија компјутерска анализа на интеракциите на шилестиот протеин на вирусот со рецепторот ACE2 во човечките клетки.

Тие користеа методи на симулација во милисекунди за да испитаат мутации во новиот корона вирус E484K, K417N и N501Y и интеракцијата на нивните шилести протеини со рецепторот ACE2.

Студијата покажа дека мутацијата K484 има поголем афинитет за врзување за рецепторот ACE2 од E484, како и поголема веројатност за модифицирана адаптација. Токму оваа веројатност за модифицирана адаптација може да биде механизмот со кој јужноафриканскиот вид на новиот корона вирус беше во можност да ги замени оригиналните соеви на вирусот САРС-КоВ-2.

Мутациите E484K и N501Y исто така покажаа зголемена тенденција за врзувае на шилестиот протеин за рецепторот ACE2, а E484K покажа дека може да ги смени флексибилните делови на шилестиот протеин, што резултира во нови, поефикасни контакти со човечкиот клеточен рецептор.

Споменатата подобрена подложност на врзување е веројатно главниот виновник за побрзото ширење на јужноафриканската варијанта на вирусот, поради поголема преносливост и затоа е исклучително важно да се следат овие мутации и да се реагира на време, предупредува студијата.

Понатаму, воведувањето на конформациски промени е одговорно за бегството на јужноафриканската варијанта на коронавирус од неутрализирачки антитела и можноста за инфицирање на пациенти кои веќе закрепнале од КОВИД-19.

Ние веруваме дека вакцините чија ефикасност во голема мера зависи од хуморалните реакции на С-антигенот се ограничени со појава на нови видови и се зависни од честото редизајнирање, заклучи студијата.

Од друга страна, вакцината што предизвикува силен одговор на Т-клетките е многу помалку склона кон промена поради мутации на новиот коронавирус, со што се обезбедува подобар и поефективен пристап кон заштита од болеста КОВИД-19.

На крајот, идеалната вакцина треба да вклучува друг, чуван антиген (како што е SARS-CoV-2 нуклеокапсидниот протеин), кој веројатно ќе предизвика ефективен хуморален и клеточен посредуван имунолошки одговор, дури и кога се соочува со вирус кој брзо се менува.