Откриен застрашувачки голем инсект: Сосема нов вид, глетката е вознемирувачка (Видео)


Нов вид инсект е откриен во Австралија.

Нов инсект наречен „Acrophyla alta“ е откриен на големи надморски височини на платото Атертон во северен Квинсленд, Австралија, пишува британски „Гардијан“. Овој инсект е долг околу 40 сантиметри и тежи колку топка за голф, но според научниците, би можел да биде најтешкиот инсект во Австралија.

Потрагата по инсектот траела неколку ноќи. Истражувањето го иницирал професорот Ангус Емот од Универзитетот Џејмс Кук откако неговиот колега Рос Купланд добил фотографија од инсектот на социјалните мрежи.

„Acrophylla alta“ е најголемиот стапчест инсект пронајден во Австралија, а научниците веруваат дека специфичното живеалиште на големи надморски височини е причина за неговата големина. Студените и влажни температури во тој регион може да го фаворизираат развојот на поголеми инсекти кои се подобро адаптирани за преживување во такви услови.